Општина Неготино и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ преку форум на заедници
обезбедија грант за набавка на возило за собирање на смет со капацитет од 8м3 и 47 контејнери.
Овој грант е наменет за управување со отпад во руралните средини на општина Неготино. Контејнерите
се распоредени во сите населени места во зависност од нивната големината, а собирањето на смет
се врши два пати неделно.
Ј.П.Комуналец врши промена на сите водомери во градот на правните и физичките лица со нови водомери
и модули за далечинско читање. Со оваа активност ќе се обезбеди навремено и точно читање на водомерите
а исто така ќе се намали и ненаменската потрошувачка на вода. Оваа инвестиција се реализира од кредит
од КФВ банка прва фаза.
Во тек е изготвување на основен проект за SCADA на водоснабдителниот систем со што треба да се обезбеди
мерење и регулација на проток и притисок по мерни зони. Со реализација на овој проект теба да се намалат
загубите на вода и ненаменското трошење на вода.


